И се свртев за да го видам гласот што зборуваше со мене; и штом се свртев, видов седум златни свеќници, а сред седумте свеќници еден, како Синот Човечки, облечен во долга облека до нозете и околу градите препашан со златен појас; главата и косата Му беа бели како бела волна, како снег, а очите Негови – како огнен пламен; нозете Негови – слични на усвитена бронза, како во печка вжарена, а гласот Негов – како шум од многу води. Во Својата десна рака Тој држеше седум ѕвезди, а од Неговата уста излегуваше меч со две острици; лицето Негово светеше како што сонцето сјае во полна сила. Штом Го видов, паднав пред Неговите нозе како мртов. Тој ја стави Својата десна рака врз мене и ми рече: „Не плаши се! Јас сум Првиот и Последниот и Живиот. Бев мртов, и ете, жив сум за сите векови и ги имам клучевите од адот и смртта. И така напиши што виде, што е и што има да стане по тоа. Ова е тајната на седумте ѕвезди што ги виде во Мојата десница, а на седумте златни свеќници: седумте ѕвезди се ангелите на седумте цркви – а седумте свеќници, што ги виде, тоа се седумте цркви.“
Прочитај Откровение 1
Слушни за Откровение 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: Откровение 1:12-20
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа