Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 9:13-20

Псалми 9:13-20 MK2006

Смилувај се, Господи, на мене; погледај како страдам од непријателите мои, Ти, Кој ме избавуваш од портите на смртта. За да можам да ги искажам сите славослови за Тебе пред портите на ќерката Сионска и да воскликнувам ра­досно за спасението Твое. Попаѓаа незнабошците во јама, што сами ја направија; во замка, која сами ја наместија, се фати ногата нивна. Господ се појави и пресуди; во делата на рацете свои грешникот се заплетува. Ќе заминат во пеколот сите греш­ници, сите народи, кои Бога Го забораваат. Зашто нема засекогаш да биде заборавен сиромавиот, и надежта на бедни­те нема никогаш да пропадне. Стани, Господи, за да не се засили човекот; народите нека примаат суд пред Тебе. Заплаши ги, Господи, за да раз­берат незнабошците дека се само луѓе.