Псалми 9:1-6
Псалми 9:1-6 MK2006
Те прославувам Тебе, Господи, со сето срце свое, ги раскажувам сите чудеса Твои; се радувам и се веселам во Тебе, го воспевам името Твое, Севишен! Кога се повлекоа непријателите мои, се сопнаа, и погинаа пред Тебе. Бидејќи Ти се зазеде за мене и ме одбрани; седна на престолот Свој, досуди праведен суд. Им запрети на незнабошците, го погуби нечестивиот; името им го сотре за сите векови. Непријателот исчезна во вечни урнатини; градовите му ги разруши, и загина споменот за нив.

