Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 9:1-10

Псалми 9:1-10 MK2006

Те прославувам Тебе, Господи, со сето срце свое, ги раскажувам сите чу­деса Твои; се радувам и се веселам во Тебе, го воспевам името Твое, Севишен! Кога се повлекоа непријателите мои, се сопнаа, и погинаа пред Тебе. Бидејќи Ти се зазеде за мене и ме одбрани; седна на престолот Свој, досуди праведен суд. Им запрети на незнабошците, го погуби нечестивиот; името им го сотре за сите векови. Непријателот исчезна во вечни ур­натини; градовите му ги разруши, и за­гина споменот за нив. Но Господ вечно седи на прес­толот; го подготвил престолот Свој за суд; Тој ќе му суди на светот според правда, на луѓето ќе им суди праведно. Господ им е тврдина на угнетените, крепост во време на неволја. Нека се надеваат на Тебе оние кои го знаат името Твое, бидејќи не ги оставаш оние што Те бараат.