И небото ќе ги прославува, Господи, Твоите чудесни дела и Твојата вистина во собранијата на светиите. Зашто, кој на облаците ќе се споредува со Господ и кој од синовите Божји ќе се изедначи со Господ? Во соборот на светиите Бога Го прославуваат; велик е и страшен за сите што се околу Него. Господи, Боже на силите, кој е моќен како Тебе? Силен си Ти, Господи, и верноста Твоја Те опкружува. Ти управуваш со силата на морето и силните бранови негови Ти ги скротуваш. Ти го скрши Рахав како труп, со Твојата крепка рака ги распрсна непријателите Свои. Твои се небесата и Твоја е Земјата; вселената и она што ја исполнува, Ти си ги основал.
Прочитај Псалми 89
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 89:5-11
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа