Блажен е оној човек, кој заштита бара кај Тебе и во чие срце се патиштата Твои. Преминувајќи ја Сушната Долина, тие ја претвораат во извори, и дожд ја покрива со вирови; минуваат од сила во сила, додека не Го видат Бога, на Сион. Господи, Боже на силите, услиши ја молитвата моја, послушај, Боже Јаковов! Боже, заштитнику наш, погледај и види го лицето на твојот помазаник! Зашто еден ден во Твоите дворови е подобар отколку – илјада дни надвор. Повеќе би сакал да стојам на прагот пред Божјиот дом, отколку да живеам во шаторите на нечестието. Бидејќи Господ Бог е сонце и штит, Тој дава благодат и слава; Господ не ги лишува од блага оние, што одат непорочно. Господи на силите, блажен е оној човек, кој се надева во Тебе!
Прочитај Псалми 84
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 84:5-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа