Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 84:1-12

Псалми 84:1-12 MK2006

Колку се мили Твоите живеа­лишта, Господи на силите! Копнее душата моја, сакајќи да е во Господовите дворови; срцето мое и телото мое со радост се стремат кон живиот Бог. И птичката си наоѓа живеалиште, и ластовичката гнездо, каде што ќе ги по­ложи пилињата свои, при олтарите Твои, Господи на силите, царе мој и Боже мој! Блажени се оние, кои живеат во до­мот Твој; тие постојано Те фалат. Блажен е оној човек, кој заштита ба­ра кај Тебе и во чие срце се пати­штата Твои. Преминувајќи ја Сушната Долина, тие ја претвораат во извори, и дожд ја покрива со вирови; минуваат од сила во сила, додека не Го видат Бога, на Сион. Господи, Боже на силите, услиши ја молитвата моја, послушај, Боже Јако­вов! Боже, заштитнику наш, погледај и види го лицето на твојот помазаник! Зашто еден ден во Твоите дворо­ви е подобар отколку – илјада дни надвор. Повеќе би сакал да стојам на прагот пред Божјиот дом, отколку да живеам во шаторите на нечестието. Бидејќи Господ Бог е сонце и штит, Тој дава благодат и слава; Господ не ги лишува од блага оние, што одат непо­рочно. Господи на силите, блажен е оној човек, кој се надева во Тебе!

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност