Бог застана во собранието на „боговите“; меѓу „боговите“ изрече суд: До кога ќе судите неправедно и спрема нечестивите ќе покажувате пристрасност? Бидете праведни кон сирак и беден, праведен и сиромав; ослободувајте го сиромавиот и бедниот од рацете на нечестивите. Не знаат, не разбираат, во темнина одат; сите земни основи се разнишаа, Јас реков: „Вие сте богови, вие сте сите синови на Севишниот; но вие ќе умрете како и сите луѓе, и ќе паѓате како секој кнез.“ Стани, Боже, суди ѝ на Земјата, зашто Твои се сите народи.
Прочитај Псалми 82
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 82:1-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа