Господи, Боже на силите, поврати нѐ! Нека светне лицето Твое, и ние ќе се спасиме! Ти ја пренесе од Египет лозата, ги изгони народите и ја посади; исчисти за неа место, и ги зацврсти корењата нејзини, и таа ја исполни земјата. Горите се покрија од сенката нејзина, и гранките ѝ се како кедрови моќни; таа пушти гранки до морето и ластари до реката. Зошто ја сруши нејзината ограда, па да ја берат сите, што минуваат по патот? Горскиот вепар ја подгризува, и полската ѕверка ја јаде. Боже на силите! Сврти се, погледај од небесата и види го и посети го ова лозје; и утврди го она што го посади десницата Твоја; погледај и на синот, што си го одгледал за Себе. Тоа е со оган обгорено и раскопано; од страв пред Твоето лице нека пропаднат! Твојата десница нека биде над човекот на Твојата десница, синот, кого си го одгледал за Себе. А ние нема да отстапиме од Тебе; оживеј нѐ, и ние ќе го призиваме Твоето име. Господи, Боже на силите, поврати нѐ; нека свети лицето Твое, и ние ќе се спасиме!
Прочитај Псалми 80
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 80:7-19
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа