Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 80:1-19

Псалми 80:1-19 MK2006

Пастиру Израелов, послушај! Ти, Кој го водиш Јосиф како стадо, Кој се­диш на херувимите, заблескај! Пред Ефрем, Венијамин и Мана­сија издигни ја силата Своја и дојди да нѐ спасиш. Боже, поврати нѐ; нека светне лицето Твое, и ние ќе се спасиме! Господи, Боже на силите, до кога ќе бидеш гневен на молитвата од слугите Твои? Ќе ги храниш ли со леб од солзи, и напојуваш со солзи изобилно? Нѐ направи показ за кавги меѓу на­шите соседи, и нашите непријатели ни се смеат. Господи, Боже на силите, поврати нѐ! Нека светне лицето Твое, и ние ќе се спасиме! Ти ја пренесе од Египет лозата, ги изгони народите и ја посади; исчисти за неа место, и ги зацврсти корењата нејзини, и таа ја исполни земјата. Горите се покрија од сенката нејзина, и гранките ѝ се како кедрови моќни; таа пушти гранки до морето и ластари до реката. Зошто ја сруши нејзината ограда, па да ја берат сите, што минуваат по патот? Горскиот вепар ја подгризува, и полската ѕверка ја јаде. Боже на силите! Сврти се, погле­дај од небесата и види го и посети го ова лозје; и утврди го она што го посади десницата Твоја; погледај и на синот, што си го одгледал за Себе. Тоа е со оган обгорено и раско­пано; од страв пред Твоето лице нека пропаднат! Твојата десница нека биде над човекот на Твојата десница, синот, кого си го одгледал за Себе. А ние нема да отстапиме од Тебе; оживеј нѐ, и ние ќе го призиваме Твое­то име. Господи, Боже на силите, поврати нѐ; нека свети лицето Твое, и ние ќе се спасиме!