чудесата што пред очите на нивните татковци ги направи во египетската земја, во полињата на Цоан; го раздвои морето и ги преведе преку него, и ги постави водите како насип; дење ги водеше со облак, а по цела ноќ – со огнена светлина; разби карпа во пустината и ги напои како од голема бездна. Од карпата изведе вода, и води потекоа како реки. Но тие продолжуваа и понатаму да грешат пред Него и да Го огорчуваат Севишниот во пустината: Го искушуваа Бога со срцето свое, барајќи храна за своето лакомство, па Го нападнаа Бога, велејќи „Може ли Бог да приготви трпеза во пустина?“ Ете, Тој удри во карпа – и бликнаа води, потекоа потоци. Може ли Тој да му даде и леб, може ли да му приготви месо на Својот народ? Поради ова што го чу, Господ се разгневи и пламна во гнев, и оган се разгоре против Јаков и гнев се крена против Израел, затоа што не поверуваа во Бога и не се надеваа на спасението во Него. Тој им заповеда на облаците одозгора и се отворија вратите на небесата, па им истури дожд од мана да јадат, и им даде леб небесен. Леб ангелски јадеше човекот: Тој им испрати храна до наситување.
Прочитај Псалми 78
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 78:12-25
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа