Размислував ноќе со срцето свое, а духот мој ме испитуваше; зар Господ засекогаш отфрла и не сака ли повеќе да биде благонаклонет, или засекогаш престанала Неговата милост, и Неговите ветувања се пресекле за сите родови? Зар Господ заборавил на штедроста Своја? Зар во гневот Свој ќе го затвори Своето милосрдие? Па си реков: „Ова е мојата болка: десницата на Севишниот се изменила.“ Ќе си спомнам за делата на Господ; ќе се потсетам на дамнешните чудесни дела; ќе ги разгледувам сите Твои дела и ќе мислам на Твоите моќни дела. Боже, Твојот пат е свет. Кој бог е толку голем, како нашиот Бог!? Ти си Бог, Кој прави чудеса; Ти ја покажа силата Своја меѓу народите; Ти со мишката Своја го избави Твојот народ, синовите на Јаков и на Јосиф.
Прочитај Псалми 77
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 77:6-15
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа