Спаси ме, Боже, зашто водите стигнаа до гушата моја! Потонав во длабока тиња, каде што нема дно; влегов во морска длабочина и бура ме потопи. Изнемоштев од викање; засипна грлото мое; попуштија очите мои, чекајќи Го мојот Бог. Оние, што ме мразат без причина, се намножија повеќе од косата на главата моја: непријателите мои, кои ме гонат неправедно, се засилија; она што не сум го зел, бараат да го вратам! Боже, Ти го знаеш моето безумие, и гревовите мои не се сокриени од Тебе. Да не се посрамат поради мене сите оние, што се надеваат на Тебе, Господи, Боже на силите. Да не се посрамат поради мене оние, кои Те бараат, Боже Израелов
Прочитај Псалми 69
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 69:1-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа