Пејте Му на Бога, пејте Му на Неговото име; направете Му пат на Оној, Кој се движи по небото; името Му е Господ, и радувајте се пред Него. Татко на сираците и Заштитник на вдовиците; Тој е Бог во Своето свето место. Бог им дава домови на напуштените, ги ослободува од окови затворениците, а непокорните остануваат да живеат во пеколна пустина. Боже, кога Ти излегуваше пред Твојот народ, кога чекореше по пустината, земјата се тресеше и небесата истураа дожд пред Бога, Бог на Синај – пред Бога, Бог Израелов. Изобилен дожд изли Ти, Боже, врз Твоето наследство, и кога тоа изнемоштуваше, Ти го поткрепуваше. Стадата Твои живеат на неа; во Својата добрина, Боже, Ти се погрижи и за сиромасите.
Прочитај Псалми 68
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 68:4-10
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа