Боже, биди милостив кон нас и благослови нѐ; осветли нѐ со лицето Свое, за да се спознае на Земјата патот Твој, и меѓу сите народи спасението од Тебе. Да Те прославуваат народите, Боже, сите народи да Те прославуваат. Племињата нека се развеселат и нека се радуваат, зашто праведно им судиш на народите, и ги водиш народите на Земјата. Народите нека Те прославуваат, Боже, сите народи нека Те слават! Земјата го даде својот плод; Бог, нашиот Бог нѐ благослови. Да нѐ благослови Бог и сите земни краишта нека Го почитуваат.
Прочитај Псалми 67
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 67:1-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа