Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 66:1-20

Псалми 66:1-20 MK2006

Воскликни Му на Бога, Земјо цела! Воспејте го името Негово, воздајте Му слава и похвала! Кажете Му на Бога: колку се страш­ни делата Твои! Поради големината на силата Твоја, ќе Ти се покоруваат не­пријателите Твои. Целата земја Ти се покорува и Ти пее, Ти пее на Твоето име! Дојдете и видете ги делата Божји, колку е страшен во чудата Свои за синовите човечки. Тој го претвори морето во суво; преку река минаа со нозе; таму се зарадувавме во Него. Со Својата моќ Тој владее вечно; Неговите очи гледаат на народите за да не се кренат бунтовниците. Благословувајте Го, народи, нашиот Бог и искажете Му похвала гласно. Тој ѝ даде живот на душата наша и не дозволи да потклекнат нозете наши; Ти нѐ испита, Боже, нѐ очисти, како што среброто со оган се пре­чистува. Ти нѐ воведе при примка, ни стави товар на нашите плеќи. Допушти луѓето да ни се качат на глава. Минавме низ оган и вода, но нѐ изведе да здивнеме. Ќе влезам во Твојот дом со сепаленица, ќе Ти ги исполнам моите за­вети, што ги изговорија усните мои и ги искажа устата моја кога бев во неволја. Мрсни сепаленици ќе Ти принесам Тебе, со кадило од овни, ќе Ти принесам Тебе и волови и кози. Дојдете и чујте вие сите кои се бои­те од Бога и ќе ви раскажам сѐ што направи Тој за душата моја. Повикав кон Него со устата моја и Го возвеличив со јазикот свој. Да мислев беззаконие во срцето мое, Господ немаше да ме услиши. Но ме услиши Господ, го чу гла­сот на молењето мое. Нека е благословен Бог, Кој не ја отфрли молитвата моја и не ме остави без милоста Своја!