Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 61:1-8

Псалми 61:1-8 MK2006

Услиши го, Боже, моето молење, прими ја молитвата моја. Кон Тебе викам од крајот на земјата, зашто срцето ми папса. Подигни ме на висока карпа, зашто Ти си моето прибежиште, крепосен заклон од непријателот. Дај ми да се населам вечно во Твоето живеалиште да се засолнам под покривот на Твоите крилја. Зашто Ти, Боже, ги чу моите мо­литви и им даде наследство на оние, кои се бојат од Твоето име. Додај му уште денови кон деновите на царот и продолжи му ги годините од род во род, за да владее вечно пред Бога; милост и верност испрати му за да го чуваат. И така, со песна ќе го воспевам Твоето име и ќе ги извршувам своите завети секој ден.