Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 36

36
ПСАЛМ 36
Човековата расипаност и добрината Божја
1Гревот му зборува на грешникот; длабоко во неговото срце, нема страв Божји пред очите негови, 2#Рим 3,18зашто тој самиот на себеси си ласка, место да го увиди своето беззаконие и да го намрази; 3#10,15; 17,3; 1 Мојс 44,16; 1 Сам 29,3.6; Ос 12,9зборовите на устата негова се не­правда и измама; тој не сака да се вра­зуми, и да врши добро; 4на леглото свое смислува беззаконие, останува на лош пат, од зло не се гнаси. 5Господи, Твојата милост е до небесата, Твојата вистина – до облаците! 6#57,10; Ефес; 3,18-19Твојата праведност е како моќните гори, а судовите Твои како голема без­дна! И луѓе и добиток спасуваш Ти, Господи! 7О колку е скапоцена Твојата милост, Боже! Синовите човечки се засолнуваат под Твојата закрила; 8#17,8; 91,4тие се ситат од изобилието на Твојот дом, и од потокот на Твојата красота ги напојуваш; 9#23,5; 63,5зашто во Тебе е изворот на животот: во Твојата светлина ние гледаме светлина. 10#56,13; 89,15Продолжи ја милоста Своја кон оние кои Те познаваат, и спасението Свое кон оние со чисто срце. 11Нека не ме гази ногата горда, и раката на грешникот да не ме гони. 12Таму паднаа оние што вршат беззаконие; соборени се и не можат веќе да станат.

Селектирано:

Псалми 36: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност