Дојдете, чеда, послушајте ме: јас ќе ве научам да имате страхопочит кон Господ. Сака ли човек да живее и да види добри денови, нека си го воздржува јазикот од зло и устата своја од лаги, нека се клони од зло и нека прави добро; да бара мир и да врви по него. Очите на Господ се насочени кон праведните, и ушите Негови – кон молитвите нивни. Но лицето на Господ е против оние што вршат зло; ќе го истреби од Земјата споменот за нив. Кога викаат праведните, Господ ги слуша и ги спасува од сите маки нивни. Блиску е Господ до оние со скршено срце, и смирените по дух ќе ги спаси.
Прочитај Псалми 34
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 34:11-18
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа