Радувајте се, праведници, во Господ: на праведниците им прилега да Го слават. Славете Го Господа со лира, пејте Му на харфа со десет жици, пејте Му нова песна; пејте Му умешно и со восклик, зашто словото на Господ е право, и сите дела Негови се извршени во верност. Тој сака праведност и суд праведен; со милоста Господова е исполнета Земјата. Преку словото на Господ беа создадени небесата, и преку Духот на устата Негова – сите сили нивни. Тој ги собира како во мев морските води; бездните ги става во сокровишта. Нека има страхопочит кон Господ целата Земја; нека треперат пред Него сите жители на светот, зашто Тој рече и тие настанаа; Тој заповеда и се создадоа.
Прочитај Псалми 33
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 33:1-9
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа