Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 33:1-22

Псалми 33:1-22 MK2006

Радувајте се, праведници, во Господ: на праведниците им прилега да Го слават. Славете Го Господа со лира, пејте Му на харфа со десет жици, пејте Му нова песна; пејте Му умешно и со восклик, зашто словото на Господ е право, и сите дела Негови се извршени во верност. Тој сака праведност и суд праведен; со милоста Господова е исполнета Земјата. Преку словото на Господ беа создадени небесата, и преку Духот на устата Негова – сите сили нивни. Тој ги собира како во мев мор­ските води; бездните ги става во сокровишта. Нека има страхопочит кон Господ целата Земја; нека треперат пред Него сите жители на светот, зашто Тој рече и тие настанаа; Тој заповеда и се создадоа. Господ ги руши помислите на не­знабошците, ги спречува намерите на народите. А замислата Господова вечно останува; мислите на срцето Негово од род во род. Блажен е оној народ, на кој Господ му е Бог, и луѓето, кои Тој ги избрал за наследство Свое. Од небесата гледа Господ, ги гледа сите синови човечки; од престолот, на кој седи, ги на­б­људува сите, кои живеат по Земјата: Тој, Кој на сите ним им ги создал срцата, пази на сите дела нивни. Не го спасува царот голема војска; голема сила ни јунакот нема да го спаси. Несигурен е коњот за спасување, со големата сила своја не може да избави. Но, ете, очите Господови се врз оние, кои имаат страхопочит кон Него и кои имаат верба во милоста Негова, дека Тој ќе ја спаси душата нивна од смрт и во време на глад ќе ги прехрани. Душата наша се надева во Господ: зашто Тој е наш помошник и наш заш­титник, зашто во Него ќе се весели срцето наше; зашто во светото име Негово веруваме. Милоста Твоја нека биде над нас, Господи, онака како што Ти се надеваме.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност