Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 27:1-6

Псалми 27:1-6 MK2006

Господ е моја светлина и мое спа­сение: од кого да се плашам? Господ е крепост на мојот живот, од кого ќе стравувам? Кога се приближија до мене злобни противници и непријатели за да го изедат телото мое, се сопнаа и паднаа. И полк да се крене против мене, нема да се исплаши срцето мое; дури и цела војска да се дигне против мене, и тогаш ќе бидам полн со доверба. Само за едно Го молам Господа, само тоа го сакам: да останам во домот Господов преку сите денови на животот мој, да ја гледам Госпо­довата убавина и да се поучувам во Неговиот свет храм, зашто во злочест ден Тој би ме сокрил во Својата скинија, би ме сокрил под покривот на Своето жи­веалиште; би ме искачил на карпа. Тогаш главата моја ќе се издигне над непријателите што ме опкружу­ваат; и јас ќе принесам во скинијата Негова жртва поради радоста, па ќе пеам и ќе Го фалам Господа.