Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 26:1-12

Псалми 26:1-12 MK2006

Оправдај ме, Господи, бидејќи одев непорочно и непоколебливо верував во Господ. Искушај ме, Господи, испитај ме; отвори ги утробата моја и моето срце. Твојата милост е пред очите мои, а јас одам во Твојата вистина, со луѓе суетни не седам и со пре­стапници на законот Твој не се дружам; го намразив друштвото на злонамерните; со нечестивите нема да седнам; ги мијам рацете свои во невиноста и го обиколувам жртвеникот Твој, Гос­поди, за да ја разгласувам похвалата Твоја и да ги раскажувам сите Твои чудесни дела. Господи, го возљубив домот, во кој престојуваш и местото каде што пребива славата Твоја. Не погубувај ја душата моја со грешници и животот мој со крвопијци, во чии раце има злочини, чија дес­ница е полна со поткупи. Јас, пак, одам во својата непороч­ност, избави ме, Господи, и помилуј ме. Ногата моја стои на прав пат, во собранијата ќе Те благословувам, Господи.