Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 25:5-17

Псалми 25:5-17 MK2006

Упати ме кон Твојата вистина и научи ме, зашто Ти си Бог на моето спасение; на Тебе се надевам секој ден. Спомни си ги штедростите Твои, Господи, и милостите Твои, зашто се вечни. Гревовите на младоста моја и пре­стапите мои не споменувај ги; по милос­та Своја сети се на мене, заради Твојата доброта, Господи! Добар и праведен е Господ, греш­ниците ги изведува на пат, ги упатува понизните кон правда и ги учи понизните на Своите патишта. Сите патишта Господови се ми­лост и вистина за оние, кои го пазат заветот Негов и уредбите Негови. Заради Твоето име, Господи, прости ми го гревот мој, зашто е голем. Кои се тие што имаат страхопо­чит кон Господ? Ним Тој ќе им покаже кој пат да го изберат. Нивната душа ќе почива во добро, нивното семе ќе ја наследи земјата. Близок им е Господ на оние што имаат страхопочит кон Него; ним им го открива заветот Свој. Очите мои секогаш се кон Господ, зашто Тој ги вади од стапица нозете мои. Погледни на мене и смилувај се на мене, зашто сум самотен и во мака. Скрбите на срцето мое олесни ми ги; извади ме од мојата потиштеност.