Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 24:1-10

Псалми 24:1-10 MK2006

Господова е земјата и сѐ што ја ис­полнува, вселената и оние што живеат во неа, зашто Тој ја основа врз морињата, и на реки ја утврди. Кој може да излезе на гората Гос­подова и кој ќе застане на Неговото свето место? Оној, чии раце се невини и чие срце е чисто, кој не си ја продава ду­шата своја на лажни работи и не се заколнува лажно. Тој ќе добие благослов од Господ и награда од Бога, Својот Спасител. Таков е родот на оние што Го ба­раат Него, кои Го бараат Бог Јаковов! Подигнете ги, порти, главите свои, бидете подигнати вие, вечни врати, за да влезе Царот на славата! Кој е тој Цар на славата? – Креп­киот и силниот Господ, силниот во војна Господ. Подигнете ги, порти, главите свои, бидете подготвени вие, вечни врати, за да влезе Царот на славата! Кој е Царот на славата? – Господ над војските – Тој е Цар на славата!

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност