Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 18:37-42

Псалми 18:37-42 MK2006

Ги гонев непријателите мои и ги стигнав, и не се вратив, додека не ги победив; ги притиснав, и тие не можеа да станат, паднаа под нозете мои, зашто Ти ме препаша со сила за борба и ги собори пред мене оние, што станаа против мене; Ти ги натера во бегство непријателите мои, и ги истребив сите оние, што ме мразат; тие повикаа, но немаше кој да ги спаси: и кон Господ, – но Тој не ги чу. Ги иситнив како прав на ветар, ги згазив како кал по патиштата.