Псалми 18:25-36
Псалми 18:25-36 MK2006
Со светиите Ти постапуваш свето, со невин човек – си благ, со чистиот – чисто, а со лукавиот – според неговото лукавство, зашто Ти ги спасуваш угнетените, а горделивите ќе ги понизиш. Зашто Ти го осветлуваш моето светило, Господи; мојот Бог ја осветлува темнината моја. Со Тебе и чети совладувам, со мојот Бог и ѕид ќе прескокнам. Бог мој, непорочен е Неговиот пат, Господовите зборови со оган се пречистени; Тој е заштитник на сите, кои се засолнуваат кај Него. Зашто, кој е Бог, освен Господ, и кој е тврдина освен нашиот Бог? Бог е Оној Кој ме препашува со сила и патот ми го расчистува. Ми ги прави нозете како на елен и ме поставува на височини; ми ги обучува рацете за борба, и мускулите мои ги прави да затегнуваат бронзен лак. Ти ми даде заштита за моето спасение, Твојата десница ме прифати; Твојата поддршка ме издигна. Ми даваш сигурност за чекорите мои, и нозете мои не се подлизнуваат.


