Псалми 18:1-6
Псалми 18:1-6 MK2006
Те љубам, Господи, крепост моја! Господ е моја карпа, моја тврдина и мој избавител, Бог мој, засолниште мое, во кое се засолнувам; мој штит, сила на спасението мое и крепост моја. Ќе Го призовувам Господа, достоен за слава и ќе се спасам од непријателите свои. Јажињата на смртта ме испреплетоа, и погубни потоци ме вознемирија; пеколни мрежи ме заробија, смртни стапици ме стегнаа. Во мојот очај Го повикав Господа и кон мојот Бог извикав. И Тој од Својот свет храм го чу гласот мој, и мојот вик стигна до Неговото уво.

