Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 17:6-12

Псалми 17:6-12 MK2006

Кон Тебе викам, зашто Ти ќе ме чуеш, Боже; приклони го увото Свое кон мене, и чуј ги зборовите мои. Покажи ја чудесната милост Твоја, Ти, кој ги избавуваш оние што се засолнуваат од непријателите – покрај Тво­јата десница. Пази ме како зеница на окото; засолни ме под сенката на Твоите крилја, од лицето на нечестивите, кои ме напаѓаат, од непријателите на душата моја, што ме опкружуваат; тие срцето свое го затворија за милост, а со устата своја – горделиво зборуваат. Гонејќи ме, сега ме опколуваат; тие ги управија очите свои за да ме соборат на земја; тие се како лав, подготвен за лов и како лавче, кое стои во заседа.