Фали Го, душо моја, Господа! Ќе Го фалам Господа додека сум жив; ќе Му пеам на мојот Бог додека постојам. Не надевајте се во кнезовите и во синовите човечки, во нив нема спасение. Излегува духот негов и тој се враќа во земјата: во тој ден исчезнуваат сите негови планови. Блажен е оној, кому му е помошник Јакововиот Бог и чија надеж е во Господ, неговиот Бог, Кој ги создаде небото и Земјата, морето и сѐ што е во нив, Кој вечно ја пази вистината, Кој извршува правда за угнетените, им дава леб на гладните; Господ крши окови на затворени. Господ им ги отвора очите на слепите, Господ ги исправа подгрбавените, Господ ги сака праведните. Господ ги пази придојдените, ги поддржува сираците и вдовиците, а патот на нечестивите го разурнува. Господ ќе царува вечно; твојот Бог, Сионе, е од род в род.
Прочитај Псалми 146
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 146:1-10
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа