Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 145:9-20

Псалми 145:9-20 MK2006

Добар е Господ спрема сите, и Не­говите милости се во сите Негови дела. Нека Те прославуваат, Господи, си­те Твои дела, и нека Те благословуваат светиите Твои, и нека ја проповедаат славата на Твоето царство, а да прикажуваат и за силата Твоја. За да им се кажува на синовите чо­вечки, за Твојата сила и за велелепната слава на Твоето царство. Твоето царство е царство на сите векови, а владеењето Твое над сите по­коленија; верен е Господ во сите Свои зборови и свет во сите Свои дела. Господ ги придржува сите што па­ѓаат и ги подига свитканите. Очите на сите се управени кон Тебе, и Ти им ја даваш нивната храна навреме; Ти ја отвораш раката Твоја и ис­полнуваш сѐ што е живо со сите негови потреби. Праведен е Господ во сите Свои патишта и свет во сите Свои дела. Близу е Господ до сите, кои Го по­викуваат, до сите, кои вистински Го призиваат. Тој им ја исполнува желбата на оние, кои се бојат од Него, ги услишува молитвите нивни, и ги спасува. Господ ги пази сите кои Го сака­ат, а сите грешници ќе ги истреби.