Господи, Ти си ме испитал и ме знаеш. Ти знаеш кога седнувам и кога станувам; Ти оддалеку ги разбираш мислите мои. Одам или лежам, Ти сѐ гледаш, сите патишта мои си ги предвидел. Уште зборови не ми дошле до јазикот мој, Ти, Господи, веќе ги знаеш: Ти ме опкружуваш, зад мене си, пред мене си; раката Твоја е положена над мене. Се восхитувам на Твоето знаење, – тоа е превисоко, не можам да му пријдам! Каде да одам од Твојот дух, и од лицето Твое каде да побегнам? Ако се искачам на небото – Ти си таму; ако слезам во Подземјето, Ти си и тука. Ако ги земам крилјата на зората и се преселам на крајот од морето, – и таму ќе ме води Твојата рака, Твојата десница ќе ме држи. Ако речам: можеби темнина ќе ме покрие, но и ноќта е како светлина околу мене; и темнината нема да биде темнина за Тебе; и ноќта за Тебе е светла како ден и темнината како светлина. Зашто Ти си ја создал мојата внатрешност и ме оформи во мајчината ми утроба. Те прославувам затоа што сум чудесно создаден. Прекрасни се Твоите дела; душата моја тоа добро го знае. Ниедна моја коска не се сокри од Тебе, додека настанував во тајност, исткаен во длабините на земјата. Твоите очи го видоа зародишот мој и во Книгата Твоја сѐ е запишано за мене дури и деновите мои се забележани кога уште не постоеше ниеден.
Прочитај Псалми 139
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 139:1-16
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа