Кој го раздвои Црвеното Море, зашто е вечна милоста Негова; и го преведе Израел среде него, зашто е вечна милоста Негова; а фараонот и војската негова ги фрли во Црвеното Море, зашто е вечна милоста Негова. Кој го преведе Својот народ преку пустината, зашто е вечна милоста Негова; Кој порази големи цареви, зашто е вечна милоста Негова; и ги погуби силните цареви, зашто е вечна милоста Негова; Сихон, царот аморејски, зашто е вечна милоста Негова; и Ог, царот башански, зашто е вечна милоста Негова; и му ја даде земјата во наследство, зашто е вечна милоста Негова; во наследство на Својот слуга, Израел, зашто е вечна милоста Негова; Кој се сеќава на нас во нашето понижување, зашто е вечна милоста Негова; и нѐ избавува од непријателите наши, зашто е вечна милоста Негова; и Кој дава храна на секоја плот, зашто е вечна милоста Негова. Славете Го небесниот Бог, зашто е вечна милоста Негова.
Прочитај Псалми 136
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 136:13-26
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа