Помагај, Господи, зашто не остана побожен, ги снема верните меѓу синовите човечки! Лага му кажува секој на ближниот свој; од дволично срце устите зборуваат лага. Нека ги истреби Господ сите лажливи усти и секој јазик што се возвеличува; оние што зборуваат: „Јазикот е наша сила; устата ни е со нас; кој е господар над нас?“ „Заради страдањата на сиромасите и лелекот на бедните ќе се кренам сега, вели Господ, ќе му донесам спас на оној што копнее по него.“ Зборовите на Господ се зборови чисти, сребро во оган исчистено од земја, седумпати пречистено. Ти, Господи, ќе нѐ одбраниш и ќе нѐ запазиш од овој род довека. Нечестивите одат наоколу додека ниските работи се возвишуваат меѓу луѓето.
Прочитај Псалми 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 12:1-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа