Колку го засакав, Господи, Твојот закон; секој ден се поучувам од него. Со Твојата заповед ме направи помудар од непријателите мои, зашто таа е секогаш со мене. Станав поразумен од сите учители мои, зашто сведоштвата Твои се моја поука. Поумен станав од старите, зашто ги пазам Твоите заповеди. Ги задржувам нозете свои од секаков лош пат, за да го пазам словото Твое. Од твоите уредби нема да се откажам, зашто Ти ме поучи. Колку се слатки за грлото мое зборовите Твои, послатки се од мед во устата моја. Преку твоите заповеди станав разумен; затоа го замразив секој лажен пат. Твоето слово е светилник на нозете мои и светлина за патеката моја. Се заколнав и реков дека ќе ги пазам Твоите праведни судови, и ќе ги исполнувам. Многу сум нажален, оживи ме, Господи, поради Твоето слово. Прими ги моите благодарници, Господи, и научи ме на Твоите уредби. Животот ми е постојано во опасност, но Твојот закон не го заборавив. Нечестивите ми поставија замка, но јас не се отстранив од Твоите заповеди. Твоите уредби ми се вечно наследство, тие се голема радост за срцето мое. Го натерав срцето свое да ги извршува повелбите Твои, секогаш и до крај.
Прочитај Псалми 119
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 119:97-112
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа