Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 118:19-29

Псалми 118:19-29 MK2006

Отворете ми ја вратата на правдата: ќе влезам во неа, ќе Го прославувам Господа. Ете, тоа е вратата Господова, пра­ведните влегуваат низ неа; ќе Те славам, зашто ме услиши и стана спасение мое. Каменот што го отфрлија ѕидари­те, стана камен темелник. Тоа е од Господ, и прекрасно е во очите наши. Ова е денот што го создаде Гос­под за да се зарадуваме и да се развеселиме во него. О, Господи, спаси нѐ! О, Господи, побрзај! Нека е благословен оној, кој оди во името на Господ! Ве благословуваме од домот Господов. Бог е Господ и Тој нѐ осветлува; образувајте празнична придружба до роговите на жртвеникот. Бог мој си Ти и Тебе ќе Те сла­вам; Бог мој си Ти и Тебе ќе Те превознесувам. Славете Го Господа, зашто Тој е до­бар, зашто милоста Му е вечна.