Славете Го Господа, зашто Тој е добар, зашто милоста Негова е вечна. Нека каже сега домот Израелов дека милоста Негова е вечна. Нека рече сега домот Аронов дека милоста Негова е вечна. Нека кажат сега сите, кои се бојат од Господ: дека милоста Негова е вечна. Кога бев на мака, Го повикав Господа и Тој ме услиши и на ширина ме изведе. Господ е мој помошник, нема да се плашам: што може да ми направи човек? Господ ми е помошник: и јас победоносно ќе гледам на непријателите мои. Подобро е да се надевам во Господ, отколку да се надевам во човек. Подобро е да се надеваш во Господ, отколку да се надеваш во кнезови. Сите народи ме опколија, но со името Господово јас ги разбив; ме опседнаа, ме обиколија, но со името Господово јас ги победив. Ме опкружија како пчели околу сотка, па се запалија како оган во трње: со името Господово јас им се противставив. Ме турнаа силно за да паднам, но Господ ми помогна. Господ е крепост моја и сила; Тој стана мое спасение. Глас на радост и на спасение се слуша во домовите на праведните; десницата на Господ дава сила! Десницата Господова ме возвишува, десницата Господова дава сила. Нема да умрам, но ќе живеам и ќе ги разгласувам делата Господови. Господ строго ме казни, но на смрт не ме предаде.
Прочитај Псалми 118
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 118:1-18
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа