Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 116:1-12

Псалми 116:1-12 MK2006

Се радувам дека Господ ќе го усли­ши гласот на моето молење, зашто го приклони кон мене Свое­то уво, и затоа ќе Го повикувам преку сите мои дни. Смртни болки ме обзедоа, пеколни маки ме стигнаа; се најдов во неволја и мака. Тогаш го повикав името Госпо­дово: О, Господи, избави ја душата моја! Милостив е Господ и праведен, и милосрден е нашиот Бог. Господ ги пази слабите: бев во мака и Тој ми помогна. Врати се, душо моја, во својот мир, зашто Господ постапи добро со тебе, бидејќи душата моја ја истргна од смрт, очите мои – од солзи, и нозете мои – од сопнување. Одам со благодарност пред лицето на Господ во земјата на живите. Верував и кога говорев: во голема мака сум. Во мојата необмисленост си ре­ков: секој човек е лажливец. Што да Му дадам на Господ за сите Негови добрини што ми ги направи мене?