Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 112:1-10

Псалми 112:1-10 MK2006

Алилуја! Блажен е оној човек, кој се бои од Господ и кому му се мили Него­вите заповеди. Неговото потомство ќе биде силно на земјата; родот на праведните ќе биде благословен. Слава и богатство ќе има во него­виот дом; и правдата негова ќе преус­пева вечно. На праведните во темнина им изгрева светлина; тие се благородни, милос­тиви и справедливи. Има добро за човек што е дареж­лив и на заем дава; тој праведно ги извршува своите работи; и никогаш нема да се разниша; пра­ведниот останува во вечен спомен. Од лоши гласови нема да се уплаши; срцето му е спремно, зашто се надева на Господ. Срцето му е цврсто: тој нема да се уплаши, кога – годе ќе погледне во не­пријателите свои. Тој разделува, дава на сиромаси; правдата негова останува вечно; него­виот рог ќе се возвиши во слава. Грешниот, кога ќе го види тоа, ќе се јадосува, ќе крцка со забите свои и ќе се топи. Желбата на грешникот пропаѓа.