Славете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна милоста Негова! Така да велат избавените од Господ, оние што ги откупи од непријателска рака. И ги собра од земјите, од исток и од запад, од север и од морето. Тие скитаа по безводната пустина и нигде пат ниту населен град не најдоа; трпеа глад и жед, душата им ослабна во нив, но во жалоста своја Го повикаа Господа, и Тој ги избави од нивните неволји и ги поведе по правиот пат, за да одат кон населен град. Нека Го слават Господа за милоста Негова и за чудесата Негови што им ги направи на синовите човечки: зашто Тој ја напојува жедната душа и душата гладна ја исполнува со блага. Тие седеа во темнина и смртна сенка, оковани со сиромаштија и железо; бидејќи не се покорија на зборовите Божји и се противеа на волјата на Севишниот. Тој го скрши нивното срце со мака, се сопнаа, и немаше кој да им помогне. Тогаш во тагата своја повикаа кон Господ, и Тој ги спаси од маките нивни; ги изведе од темнината и смртната сенка и ги раскина оковите нивни. Нека Го слават Господа за милоста Негова и за Неговите чудесни дела кон синовите човечки, зашто Тој ги здроби бронзените порти и ги скрши железните резиња. Неразумните страдаа поради своите грешни патишта и поради беззаконијата свои! Од секоја храна им се одвраќаше душата, и се приближија до вратата на смртта. Но во тагата своја повикаа кон Господ, и Тој ги спаси од неволјите нивни; го испрати Своето слово, ги излекува и ги спаси од пропаст. Нека Го прославуваат Господа за милоста Негова спрема синовите човечки! Нека Му принесуваат похвална жртва и нека ги разгласуваат делата Негови со радост. Оние што запловија по море на кораби, што имаа работа по големите води – тие ги гледаа делата на Господ и чудесата Негови во длабочините. Тој рече – и настана бурен ветер и високо ги издигна морските бранови; се издигаа до небесата, слегуваа до бездната; нивната присебност се губи во неволјата; тие се збунуваат, се нишаат како пијани, и сета нивна мудрост им исчезнува. Тогаш во скрбта своја повикаа кон Господ, и Тој ги изведе од маките нивни. И ѝ заповеда на бурата и таа се претвори во тивок ветрец и брановите молкнаа. Тие се развеселија, зашто стивнаа, а Тој ги упати кон нивното сакано пристаниште. Нека Го прославуваат Господа за милоста Негова и за Неговите чудесни дела спрема синовите човечки! Нека Го возвеличуваат со собранието народно и нека Го слават во советите на старешините!
Прочитај Псалми 107
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 107:1-32
6 Days
Who is God? We all have different answers, but how do we know what’s true? No matter what your experiences with God, Christians, or church have been like, it’s time to discover God for who He really is—real, present, and ready to meet you right where you are. Take the first step in this 6-day Bible Plan accompanying Pastor Craig Groeschel’s message series, God Is _______.
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа