Нашите татковци во Египет не ги ценеа Твоите чудеса, не ги помнеа многуте милости Твои и се побунија кога се приближија до Црвеното Море. Но Тој ги спаси заради името Свое, за да им ја покаже силата Своја. Му се закани на Црвеното Море, и тоа се исуши; и ги преведе по бездните како по пустина; и ги спаси од рацете на оние што ги намразија и ги избави од рацете на непријателите. Водите ги покрија нивните непријатели; не остана ниеден од нив. И тие поверуваа на зборовите Негови и Му испеаја похвала. Но тие набргу ги заборавија делата Негови, не го дочекаа Неговото решение; се занесоа од похотливоста во пустината, па Го искушуваа Бога во безводната земја. Тој го исполни нивното барање, но прати и пораз за душите нивни. Му позавидоа на Мојсеј во логорот и на Арон, светецот Господов. Се отвори земјата, го голтна Датан и ја покри дружината на Авирон. И пламна оган врз нив, и пламенот ги изгори нечестивите. Направија теле на Хорив и му се поклонија на идолот. Ја заменија својата слава со лик на теле, што јаде трева. Го заборавија Бога, својот Спасител, Кој изврши големи дела во Египет, чудеса во Хамовата земја, страшни дела при Црвеното Море. И рече дека ќе ги истреби, но Мојсеј, Неговиот избраник, се застапи за нив во пукнатината, за да ја одврати јароста Негова, та да не ги погуби. Тие ја презреа саканата земја, не Му веруваа на зборот Негов; и роптаа во шаторите свои, не го послушаа гласот Господов. Тој крена рака и им се заколна дека ќе ги погуби во пустината, ќе го расее нивното семе меѓу народите и дека ќе ги растури по земјите. Тие се придружија кон Ваал-Пеор и јадеа жртви, принесувани на мртви
Прочитај Псалми 106
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 106:7-28
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа