Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 105:1-20

Псалми 105:1-20 MK2006

Славете Го Господа; повикувајте го Неговото име; разгласувајте ги меѓу народите делата Негови. Славете Го и пејте Му; кажувајте ги сите Негови чудеса. Фалете се со Неговото свето име: нека се весели срцето на оние, кои Го бараат Господа. Барајте Го Господа и утврдувајте се, барајте го секогаш лицето Негово. Спомнувајте ги чудесата Негови, што ги направи, чудесата Негови и су­довите од устата Негова, вие, семе Авраамово, слуги Него­ви, синови Јаковови, избраници Не­гови. Тој е Господ, Бог наш; Неговите судови се по целата земја. Тој вечно го помни заветот Свој, зборот што го заповедал во илјада ро­дови, што му го ветил на Авраам, и заклетвата Своја на Исак; и му го поставил тоа како закон на Јаков и како вечен завет на Израел, велејќи: „Тебе ќе ти ја дадам Хананската земја во ваше наследство.“ Тогаш тие беа уште малку на број, многу малку, и беа придојдени во неа, па одеа од народ во народ, од едно царство кон друг народ; никому не му дозволуваше Тој да ги угнетува и цареви за нив караше: „Не допирајте се до Моите пома­зани, на Моите пророци не правете им зло!“ И пушти глад во таа земја и секој лебен клас го сотре. Испрати пред нив човек: како роб беше продаден Јосиф. Ги стегнаа во окови нозете негови, железо околу вратот негов, додека се исполни зборот негов: зборот Господов го потврди. Царот прати по него, го одврзаа, кнезот над народите го ослободи.