Славете Го Господа; повикувајте го Неговото име; разгласувајте ги меѓу народите делата Негови. Славете Го и пејте Му; кажувајте ги сите Негови чудеса. Фалете се со Неговото свето име: нека се весели срцето на оние, кои Го бараат Господа. Барајте Го Господа и утврдувајте се, барајте го секогаш лицето Негово. Спомнувајте ги чудесата Негови, што ги направи, чудесата Негови и судовите од устата Негова, вие, семе Авраамово, слуги Негови, синови Јаковови, избраници Негови. Тој е Господ, Бог наш; Неговите судови се по целата земја. Тој вечно го помни заветот Свој, зборот што го заповедал во илјада родови, што му го ветил на Авраам, и заклетвата Своја на Исак; и му го поставил тоа како закон на Јаков и како вечен завет на Израел, велејќи: „Тебе ќе ти ја дадам Хананската земја во ваше наследство.“
Прочитај Псалми 105
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 105:1-11
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа