Псалми 10:1-11
Псалми 10:1-11 MK2006
Зошто стоиш далеку Господи, зошто се сокриваш во време на неволји? Во горделивоста нечестивиот ги мачи бедните бездушно, и тие паѓаат во замките негови. Бидејќи грешникот се гордее со лакомството на душата своја, колне и Господа Го презира. Во својата горделивост, грешникот вели: „Ќе нема истрага!“, а во себе мисли: „Бог не постои!“ Патиштата негови се секогаш успешни, судовите Твои се многу високи, за да мисли на нив, а на непријателите свои им се потсмева. И во срцето свое си вели: нема да бидам соборен, во ниеден род зло нема да ме снајде! Устата му е полна со клетви, измами и навреди; под јазикот негов пакост и неправда. Седи во заседа покрај селата, на скришни места за да убива невини, очите негови демнат беспомошни. Исчекува скришум како лав во пештера, со намера да фати беден, и кога ќе фати, го одвлекува во својата мрежа. Се притајува, прилегнува и тогаш беспомошниот паѓа совладан. Па вели во срцето свое: Бог заборавил, го сокрил лицето Свое, никогаш нема да види.

