Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 9:1-12

Изреки 9:1-12 MK2006

Мудроста си изгради дом, ги утврди седумте столбови негови, ги закла своите жртви, го расточи во чаша виното свое и ја приготви трпезата своја; ги испрати слугите свои да огласат од градските височини: „Кој е неразумен, да наврати ту­ка!“ И на малоумните таа им рече: „Дојдете, јадете го лебот мој и пијте го виното, што сум го приготвила; оставете ја неразумноста, и ќе жи­веете; одете по патот на разумот.“ Кој поучува бесрамник, ќе си спе­чали укор, и кој го разобличува нечес­тивецот – срам. Не изобличувај го бесрамникот, за да не те намрази; поучувај го мудриот, и тој ќе те засака. Дај му совет на мудриот, и тој ќе би­де уште помудар; научи го праведниот, и тој ќе го збогати своето знаење. Почеток на мудроста е верноста кон Господ, а почитувањето на Све­тиот е разум; зашто преку мене ќе ти се умножат дните, и ќе ти се додадат години на животот. Ако си мудар, мудар си за себеси; и ако си лош, самиот ќе страдаш.