Јас, мудроста, живеам со разумот и барам расудувачко знаење. Стравот Господов го мрази злото; ја мрази гордоста и високомерноста, лошиот пат и подмолната уста. Мои се советот и правдата; јас сум разум, во мене е силата. Преку мене цареви царуваат, и заповедници правда озаконуваат; преку мене началници управуваат и големци и сите судии земни. Ги сакам оние што мене ме сакаат, и кои ме бараат, ќе ме најдат; во мене се богатството и славата, богатата ризница и правдата; плодовите мои се подобри од злато, и од најчисто злато, и користа од мене е повеќе отколку од најчисто сребро. Јас одам по патот на правдата, по патеките на правосудството, за да им доставувам вистинско добро на оние, што ме сакаат, нивните ризници ги полнам.
Прочитај Изреки 8
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 8:12-21
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа