Човек лукав, човек нечестив оди со лажлива уста, намигнува со очите, говори со нозете, дава знаци со прстите, во срцето негово има подмолност: тој смислува зло во секое време, сее раздори. Затоа ненадејно ќе дојде неговата пропаст, наеднаш ќе биде сотрен – и не ќе има лек за него. Еве шест работи, кои Господ ги мрази – дури седум, што Му се одвратни на душата Негова: очи горделиви, јазик лажлив и раце, што пролеваат невина крв, срце што крои лоши планови, нозе, кои брзо трчаат кон зло, лажен сведок, кој измислува лаги, и оној, што сее раздор меѓу браќа.
Прочитај Изреки 6
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 6:12-19
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа