Пиј од водата на твојот извор и од онаа, што извира од твојот кладенец. Нека не се разлеваат твоите извори по улицата, водните потоци – по плоштадите; нека ти припаѓаат тие само тебе, а не и на туѓинци. Благословен да биде изворот твој; и утешувај се со жената на својата младост. Нека ти е мила како кошута и како срна драга; нејзините гради нека те допираат во секое време, со љубовта нејзина насладувај се постојано; и зошто ти е, синко, да се забавуваш со надворешна и да ги прегрнуваш градите на туѓа? Зашто патиштата на човекот се пред очите на Господ, и Тој ги гледа сите патеки негови. Беззаконикот го фаќаат неговите сопствени беззаконија, и врските на гревот негов го држат: тој умира без да биде поучен, и поради големото свое безумие загинува.
Прочитај Изреки 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 5:15-23
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа