Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 4:13-27

Изреки 4:13-27 MK2006

Држи се здраво за поуката, не ос­тавај ја; пази ја, бидејќи таа е твојот живот. Не оди на пат безбожнички и не оди по патот на лоши луѓе; остави го, не оди по него, отстра­ни се од него и заобиколи го; зашто тие не заспиваат, ако не на­прават зло; и сон не ги фаќа, ако не до­ведат некого до пад; зашто тие јадат леб од беззаконие и пијат вино од грабеж. Патеката на праведните е како болскава светлина, која свети сѐ повеќе и повеќе, дури не настане ден. А патот на беззакониците е како темнина; тие не знаат, од што ќе се сопнат. Синко, внимавај на зборовите мои и приближи го увото кон поуките мои; да не отстапуваат тие од твоите очи; чувај ги внатре во срцето свое: зашто тие се живот за оној што ги нашол, и здравје за целото тело негово. Од сѐ, што е за пазење, најмногу чувај го срцето свое, зашто од него се изворите на животот. Отфрли ја од себе лажливоста на устата, и лукавството на јазикот од себе оддалечи го. Очите твои нека гледаат право, и клепките твои да бидат управени право пред тебе. Провери ја патеката со нозете свои, и сите патишта твои нека бидат цврсти. Не скршнувај ни десно, ни лево; оддалечи ја ногата твоја од злото.