Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 31:10-20

Изреки 31:10-20 MK2006

Кој ќе најде жена добродетелна? Таа е поскапа и од најскапоцените ка­мења. Срцето на мажот нејзин е убедено во неа, тој нема да остане без добивка; таа ќе му прави добро на мажот свој, во сите дни од животот негов. Набавува волна и лен, и весело ра­боти со рацете свои. Таа е како трговски кораб, – оддале­ку си донесува храна. Таа станува уште преку ноќта и дава храна во куќата своја и им определува работа на слугинките свои. Ќе помисли ли за нива, ја купува; од плодот на рацете свои си насадува лозје. Ја препашува со сила половината своја и ги зајакнува рацете свои. Таа гледа колку ѝ напредува работата, и светилката нејзина не се гасне ноќе. Ги протега рацете кон фурката, и прстите нејзини се фаќаат за вретеното. Дланката своја му ја отвора на си­ромав, и раката своја на оној, кој има нужда, му ја подава.